НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
 
 

 

 

Учество на Третиот интернационален научно стручен симпозиум Градежништво Наука и Пракса одржан од 15-19 фебруари 2010 на Жабљак, Црна Гора

 

    



 

 

 

  Плакета од Градежен Факултет при Универзитетот “ Св . Кирил и Методиј ” , Скопје

По повод 60-годишниот јубилеј од постоењето на Градежениот Факултет при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј ” , Скопје, на свечената прослава одржана по тој повод на Градежниот факултет беа доделени 30 тина Плакети на домашни и странски фирми како благодарност за придонесот на неговиот развој и афирмација. Плодната и успешна соработка на “ Синтек ” од Скопје со Градежниот факултет беше наградена со Плакета за Благодарност како долгогодишни пријатели и партнери во остварувањето на своите цели и досегнувања во областа на градежништвото.

 

     Доделување на плакета





Признание од Друштвото на Градежни Конструктори , Охрид 2009

Од 13 ти до 17 ти Октомври 2009год. во Охрид Република Македонија се одржа 13 тиот Меѓународен Симопзиум на градежните конструктори на кој учествуваа преку 300 учесници од многу земји од балканот и пошироко. Во склоп на Симпозиумот беа доделени Специјални Признанија за достигнувања од областа на градежништвото за периодот 2007 и 2008 год . СИНТЕК и оваа година го понесе Признанието за најдобро остварување од областа на изведба на градежни објекти за учество на проектот : “ Зајакнување , Санација и Заштита на 20 мостови во Република Македонија ” Лот 2, делница : Демир Капија - Гевгелија.

     13 ти Меѓународен Симопзиум на
     градежните конструктори





 

 

     

© Copyright Sintek.com.mk