знаењето, искуството,
организацијата и одговорноста се нашата препознатливост |
МИСИЈА И ВИЗИЈА
Во услови на евидентен економски раст во регионот изразен преку зголемен увоз и извоз на стоки како и отварање на се поголем број на производни линии, а со самото тоа и раст на размената на стоки,
ЈЦС СИНТЕК се стреми да прерасне во една од водечките фирми во предметната област во Р. Македонија. Основната дејност предвидува сместување и чување на стоки на неопределен рок се до царинење и подигање на истите од страна на увозникот/депозитор, за кој период држателот на складот гарантира пред царинските органи, односно државата за стоките кои се на чување под царински надзор.
Визијата за отварање на склад од ваков тип произлегува од идејата да се изгради квалитетен и практичен објект во кој ќе се нуди услуга која ќе биде на високо професионално ниво и каде корисниците на услугите ќе бидат задоволни од сервисот кој ќе им биде понуден по конкурентна цена.
Нашата цел е корисниците на услугите да немаат никакви забелешки, да добијат брза и квалитетна услуга со што ќе се уверат дека се работи за склад кој работи високо професионално и нуди максимална безбедност на нивната стока.
Во согласност со глобалните и локалните цели на компанијата, нашата политика за квалитет ја реализираме преку:
-Врвна грижа за корисниците и врвни услуги
Одлично ги познаваме нашите корисници и токму затоа умееме соодветно да одговориме на нивните барања и да ги надминеме нивните очекувања;
-Тим составен од искусни и мотивирани работници
За да ги постигнеме нашите основни цели: професионалност, ефикасност, стабилност и континуиран развој воведовме систем на организација кој сметаме дека е најсоодветен за нашата дејност и нашите корисници.
Менаџерскиот тим е составен од кадри кои имаат долгогодишно работно искуство во оваа област, а останатите вработени се внимателно избрани лица кои имаат значително работно искуство во предметната област.
Со цел да ги мотивираме своите вработени и да создадеме тимски дух меѓу нив, овозможуваме постојана обука и можност за напредување преку проширување на работните задачи и зголемување на надлежностите.
-Модерни системи и технологија
Применуваме модерни системи и најнова технологија, со што на нашите корисници им го нудиме најдобриот можен квалитет;
-Водечка позиција на пазарот
Одговорноста, флексибилноста и искуството, иновативно размислување,самоиницијативност и ефикасност во креацијата на деловната политика ја гарантираат нашата водечка позиција на пазарот
-Целосен квалитет во работењето
Реализацијата на развојната политика е поткрепена со негување и развој на концептот за целосен квалитет во нашите услуги.
Потврдувајќи ја определбата да ја следи политиката за квалитет и да ги оствари наведените основни цели, раководството воведе систем за управување со квалитет, заснован врз стандардот ISO 9001. Системот е во согласност со организациската структура на компанијата, услугите, процедурите и начинот на работење.
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ЈЦС СИНТЕК |