» Организациона структура
           ЗА НАС                                                                                                              » Управен одбор
 
 

Почетоците на "СИНТЕК" - Скопје датираат од 1987 год., со примарна активност ЗАШТИТА НА МАТЕРИЈАЛИ И КОНСТРУКЦИИ.

Развојната политика на фирмата допринесува да својата област на делување секојдневно ја усовршува и денес таа дејствува во следните области:

•  хидрозаштита

•  киселоотпорна заштита

•  заштита од корозија

•  санација и зајакнување на објекти

•  обработка на фуги

•  изработка на подови со посебни барања

•  изработка на техничко технолошка документација со инплементација на истите

•  производство на помошни материјали во градежништвото

Во периодот на растеж се зголемуваа и превземените обврски, па покрај редовно вработените лица, ангажирани беа и осум кооператни фирми за изведување на ангажманите ширум поранешна Југославија. Со осамостојување на нашата Република, пазарот знатно се намали. Но, желбата за напредок се насочи кон осовременување на деловниот простор, на условите за работа, стручно усовршување на вработените, на опременоста, опременување на своја лабораторија, и како резултат на сето тоа фирмата се здоби и со разни сертификати, и ги исполни нормативите за ИСО 9001:2008.

Како современа и совесна компанија, на пат сме и кон воведување на ИСО 14001 за заштита на животната средина.

Спазувајќи ги високите критериуми за квалитет "СИНТЕК"- Скопје, веќе подолго време успева да се котира и одржи на високо ниво меѓу најуспешните фирми во нашата земја.

"СИНТЕК" како квалитетно препознатлива и современа фирма своите услуги од делокругот на своето работење ги нуди во нашата Република како и надвор од неа (Србија, Црна Гора, Украина, итн).

Вложувајќи во досегашното богато искуство и применувајќи го мотото во своето работење, "СИНТЕК" - Скопје има стабилна и сигурна иднина на задоволство и на деловните партнери и на вработените.

     

© Copyright Sintek.com.mk