|
СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР:
Претседател на Управен Одбор: Тасевски Добре
- Манаилов Драган
- Христова Евгенија
УПРАВИТЕЛ: Драган Манаилов
РАКОВОДИТЕЛ НА ОПЕРАТИВА: Христова Евгенија
МАНАИЛОВ ДРАГАН
Работно место: УПРАВИТЕЛ, Сопственик и Оснивач на "СИНТЕК" - Скопје
Работно искуство
5 год., во Г.П. "Пелагонија"
4 год., во Градежен Институт Македонија
3 год., сопственик на приватна фирма "Хидроизолација"
21 год., Управител на "СИНТЕК" - Скопје
Поседува долгогодишно работно искуство во сите сфери во градежништвото. Со своите организациони способности успешно менаџира со "СИНТЕК" - Скопје, која веќе долго време високо котира во најуспешните фирми во Р. Македонија. Благодарејќи на одговорното и професионалното работење од самиот почеток на своето работење, фирмата покажува позитивни биланси на успех , кои создаваат услови за понатамошно развивање на сверите на дејствување на истата. Своите резултати во работење ги постигнува во правилно распоредените работни задачи како што се:
застапување и представување на фирмата во односите со трети лица,
одговорен за развојните планови и пласман на услугите во делокругот на работење на фирмата,
врши контрола на квалитетот на дадените услуги , спроведувајќи го Системот ИСО 9001:2000
одговорен е за финаниското и правното работење,
правилна организациона поставеност на вработените ,
го спроведува работењето на фирмата според Законските услови ,
за целокупното работење на фирмата одговорен е пред Управниот одбор ,
спроведување на зацртаната Политика на квалитет според ИСО 9001:2000
ТАСЕВСКИ ДОБРЕ Дипл.град.инг.
Работно место:
Раководител на одделение за истражување, развој ,контрола и маркетинг при "СИНТЕК" - Скопје,
Претседател на Управен одбор,
Сопственик и оснивач на "СИНТЕК" - Скопје
Работно искуство:
17 години во "Адинг" - Скопје, од кои 16 години како Директор на производство и маркетинг
21 година во "СИНТЕК" - Скопје,
Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје во 1970 год. Веднаш по своето дипломирање се вработува во "Адинг" - Скопје, и по едногодишно искуство покажувајќи одлични резултати, преминува на работно место Директор на производство и маркетинг. Во 1987 година се вработува во "СИНТЕК" - Скопје каде е сопственик на фирмата, како и Претседател на Управниот одбор .
Во своето долгогодишно работно искуство има работено на проектирање, производство, истражување и примена на материјали за разрешување на проблемите во градежништвото како што се хидро, термоизолации, заштита од пожари, антикорозивна и киселоотпорна заштита, или сеопфатно кажано заштита на материјали и конструкции, што всушност и представува основна дејност на работењето на "СИНТЕК" - Скопје. Со воведувањето на стандардите ИСО 9001:2000, во работењето на "СИНТЕК" - Скопје, назначен е како Представник за развој и контрола (ПРК).
Покрај одговорностите и обврските околу водењето на фирмата како и водењето на секторот за истражување, развој, контрола и маркетинг , активно учество зема во организираните конгреси и семинари во сверата на градежништвото. Како искусен и стручен "градежник" многу негови теми може да се најдат во списанијата за градежништвото, а исто така е и Член на Претседателтвото на Македонски Комитет за големи брани.
Позитивните ефекти во работењето на фирмата се одраз на професионалност, стручноста и темелитост во пристапот кон сите активности во делокругот на работење.
ХРИСТОВА ЕВГЕНИЈА Дипл.арх.инг.
Работно место:
Раководител на оператива
Член на Управниот одбор
Оснивач на "СИНТЕК" - Скопје
Работно искуство:
2 години сопственик на приватна фирма
21 година во „СИНТЕК“ - Скопје,
Дипломирала на Универзитетот „ Кирил и Методиј „ при Архитектонскиот факултет во Скопје во 1982 година.Во 1987 година со формирањето на „СИНТЕК“ - Скопје, поставена е за раководител на оператива.
Член е на Управниот одбор во „СИНТЕК“ каде активно учествува во донесувањето на одлуките. Со своето одговорно и професионално работење таа денес може да се пофали со успешно работење на одделението кое го води . Во своето одделение е целосно одговорна за своите извршители кои се со различна квалификациона структура од КВ работници до инженерски кадар, кои од формирањето на фирмата до денес покажуваат се поголеми резултати. Благодарение на целосниот водечки тим, одделението оператива денес покрај усовршените извршители, располага со одлична опременост за извршување на превземените обврски . Оперативата на "СИНТЕК" -Скопје, денес работи на многу објекти ширум нашата република, како и на проектот "Санација, зајакнување и заштита на мостовите во Р.Македонија" - донација на НАТО. Веќе подолго време оперативата активно учествува во санација на мостовите и во Р.Украина како деловен партнер на АД "Гранит" - Скопје.
Со добар тим во оперативата како и со одлична опременост, Инвеститорите можат да очекуваат успешен Извршител од нашата фирма.
|