ISO 14001
 
 

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Раководството на Синтек - Скопје, се обврзува сите аспекти од своето работење ги извршува на безбеден и одговорен начин кој ја штити животната средина како и заедницата каде работи.

Во согласност со оваа обврска ние поставуваме и следиме:

•  амбициозни општи и посебни цели за да го спречиме штетното влијание на животната средина;

•  проактивно управување со ризиците на животната средина за да обезбедиме усогласеност со важечките законски и други барања;

•  работиме ефикасно така да ги интегрираме сите аспекти на животната средина во процесите, планирањето и одлучувањето;

•  флексибилни сме за постојано подобрување на учинокот на заштитата на животната средина;

•  јавно ги информираме сите заинтересирани страни за нашите цели и програми за заштита на животната средина;

•  работиме тимски за да ги промовираме позитивните вредности во рамките на кои секој вработен ја прифаќа личната одговорност за заштита на животната средина;

•  спроведуваме обука и образование на вработените

Политиката за заштита на животната средина е јавно истакната.
Политиката за заштита на животната средина е обврска на сите вработени.

 

 

     

© Copyright Sintek.com.mk